| четврток, 6 декември 2018 |

Објавен конкурсот на МИМ за новинарската награда „Никола Младенов“

мим

Конкурсот за најдобра истражувачка сторија која сега го носи името Никола Младенов го објави Македонскиот институт за медиуми (MИM) и тој е отворен за сите професионални новинари и редакции кои објавиле свои истражувачки стории во медиумите во Македонија во текот на 2013 година. На конкурсот може да аплицираат и оние новинари и редакции кои сакаат да пријават добра истражувачка сторија подготвена и/или објавена од колеги-новинари или од други редакции.

Нема ограничувања во однос на бројот на сториите со кои еден новинар или редакција можат да учествуваат на конкурсот.

Авторите на најдобрите истражувачки стории ќе добијат парични награди во износ од 30.000 денари за првонаградената сторија, 20.000 денари за второнаградената, а третата награда изнесува 10.000 денари.

Апликантите треба да достават по пет примероци од објавените стории. Аудиовизуелните стории треба да бидат испратени на цеде, а оние објавени во печатот или во електронските публикации – во оригинал или како копии.

Конкурсот е отворен до 21 февруари 2014 година, а апликациите може да се испраќаат по обична или по електронска пошта, или да се достават лично. Адресите се: Македонски институт за медиуми, Јуриј Гагарин 17-1/1, Скопје, како и  [email protected]..

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top