
Во светот има повеќе од 200 милиони невработени, соопшти Меѓународната организација на труд.
Според проценките на Агенцијата на Обединетите нации (ОН), во 2013 година во светот имало 201,8 милиони невработени. Тоа е за 4,9 милиони повеќе отколку во претходната година.
Во годишниот извештај се укажува на нерамномерното заздравување на економиите во светот и се вели дека Источна и Јужна Азија донеле над 45 отсто од минатогодишниот вкупен раст на бројот на невработени во светот.
Агенцијата ја проценува минатогодишната глобална стапка на невработеност на шест отсто, колку што била во 2012 година.
Меѓународната организација на труд не очекува подобрување ниту оваа година: стапката на невработеност ќе се зголеми на 6,1 отсто, а бројот на невработени ќе се зголеми за уште 4,2 милиони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


