| четврток, 6 декември 2018 |

Воз удри во автомобил – повредено едно лице

Едно лице е повредено и пренесено во Ургентниот центар пред неполн час откако во 14.10 часот на железничкиот премин кај гробиштата Ѓорче Петров, воз кој сообраќал на релација Кичево – Скопје, удрил во автомобил марка „мерцедес“ со скопски регистарски таблички, јавува Плус инфо.

Информацијата за „Плусинфо“ ја потврдиле од СВР Скопје. Ќе се врши увид, по што полицијата ќе излезе со повеќе детали.

Неофицијално, според очевидци на несреќата, возот удрил во задниот дел на автомобилот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top