Руси подгответе се, пристигнува тимот на Јамајка во боб. Винстон Ватс, боб-пилотот на Јамајка, потврди дека постојат големи шанси Јамајка да се најде на Олимписките игри во Сочи.
Откако Ватс ги исполнил нормите на натпреварувањето во Северна Америка, следел повик од Олимпискиот комитет за учество на Игрите во Сочи.
– Тоа е неверојатно. Навистина се радувам. Целиот свет знае за нас. Знаев дека сме популарни во нашата земја, но не знаев колку луѓе нѐ сакаат во светот – вели Ватс.
Меѓутоа, сѐ уште не е целосно затворена финансиската конструкција за престојот на Јамајка во Русија. Потребни им се 80 илјади долари, од Олимпискиот комитет, како и од Организациониот комитет на Игрите во Сочи, стигна информација дека ќе им бидат платени сите патни трошоци.
Тимот на Јамајка во боб последен пат настапи во 2002 година на ЗОИ во Солт Лејк Сити. По авантурите на Јамајчаните е снимен и филмот „Кул ранингс“, кој го опишува нивниот пат и првото учество на Олимписките игри во далечната 1988 година во Калгари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.