Цената на СМС кон бројот 141 345, на којшто Македонија гласа за своите фаворити на „Икс-фактор“, нема да биде корiгирана и останува со цена 35 денари + 18% ДДВ. Оваа цена ќе остане до 1 февруари, известуваат од фирмата „Видекс“, преку која се одвива гласањето за македонските бореви во „Икс-фактор“.
„Република“ ја пренесе веста за намалувањето на цената вчера, но од „Видекс“ потенцираа дека наместо од денешниот вторник, промената ќе важи од следниот месец.
Цената на СМС ќе биде променета, но од следната емисија, закажана за вторник 4 февруари, кога цената на една порака ќе биде 20 денари +18%ДДВ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.