| четврток, 6 декември 2018 |

(ФОТО) На „Греми“ како за во Црква

Пред да одат на Греми манифестацијата, ѕвездите ќе треба двапати да се погледнат во огледало, според правилата за телевизиски пренос

Вечерва се доделуваат Греми музичките награди, настан на кој освен гласот се истакнува и сексипилот на изведувачите. Се до сега го одликуваше се што можеше да се замисли: од парченца облека која повеќе открива отколку што покриваат до настапи за кои е најблаг изразот „провокативни“.

Но, вечерва работите ќе бидат поинакви.Националната Тв куќа CBS на сите планирани ѕвезди им испрати писмо со упатство за облекување и за однесување во кое стои дека „задниците и градите мора да се потполно покриени цело време- што исклучува длабоки деколтеа и танга гаќички. Делот на гениталиите мора да биде потполно покриен исто како и задниците чии што делови не смеат да ѕиркаат во ниеден момент. Истовремено забранети се и фустани од проѕирни материјали низ кои би можеле да се видат брадавиците или задникот“.

Доколку не се придржуваат до правилата, CBS се закани со тужби. Во меѓувреме, презентирани се и слики зошто се инсистира на правилата.

Lopez 42nd DC 43rd Sisqo Taya 43rd Lady Marmalade 44th Milian 48th Fergie 54th Nadeea 52nd MIA 51st Pink 52nd Rihanna 53rd 2 Rihanna 53rd 1

 

Lady Gaga 53rd Lady Gaga 52nd gremi lani 1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top