| четврток, 6 декември 2018 |

Почнува процесот на усогласување на платите во МВР, задоволство кај Македонскиот полициски синдикат

Целта на денешните разговори меѓу МВР и Македонскиот полициски синдикат (МПС), е утврдувањето на динамиката и стратегијата за усогласување на платите на вработените во МВР со платите во јавната администрација.

Министерката Јанкулоска истакна дека оваа активност ќе резултира со позитивен исход во интерес на припадниците на МВР.

-Започнавме пред се со етапно усогласување на структурата на платите во МВР за да бидат слични со основната плата во јавната администрација, но и со примањата на полициските служби во регионот. Прво со корекција на платата по ранг, давајќи приоритет на ниските плати и напоредно со тоа стандардизација на разликата на плати помеѓу ранговите и нивоата – рече Јанкулоска.

Министерката нистакна дека унапредување на правата на вработените ќе продолжи, бидејќи нивните ангажмани особено во делот на полицијата по својата специфика и сложеност заслужуваат вреднување.

Претседателот на МПС, Тихомир Климовски, изрази задоволство од оваа активност која се спроведува на нивно барање , а со цел регулирање на соодност на платите на полицијата со оние на јавната администрација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top