| четврток, 6 декември 2018 |

Сестрата на Дејвид Култхард пронајдена мртва

Сестрата на поранешниот возач во Формула 1, Дејвид Култхард, била пронајдена  мртва во својата куќа во Шкотска -пренесе Би-Би-Си.

Триесет и пет годишната Линдзи Џексон раководела со музејот посветен на трофеите на нејзиниот брат. Била омажена и има осуммесечна ќерка.Причините за нејзината смрт се се уште непознати.

Култхард својата прва победа во 2001 година ја посвети токму на својата сестра, како специјален роденденски подарок.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top