Една убавица си замина од Мелбурн, Ана Ивановиќ, и ги заврши настапите на Отвореното првенство на Австралија, додека втората Јужин Бушар најави чудо и атак на титулата на првиот гранслем во сезоната.
Двете атрактивни девојки играа меѓусебе во четврт-финалето и прикажаа извонреден тенис, одиграа неизвесен меч во кој тинејџерката од Канада, Бушар беше поиздржлива и подобра и славеше со пресврт, 5-7, 7-5, 6-2.
За неа тоа е прво гранслем-полуфинале во четвртиот настап на квартетот најценети тениски турнири. Бушар експресно напредува и во Мелбурн ја потврди наградата од ИТФ, како тенисерка која е прогласена за најголемо освежување во женскиот тенис за 2013 година.
Ивановиќ ја сметаат за една од најубавите и најатрактивни дами во тениската игра, има освоено гранслем-титула во Париз на Ролан Гарос, но ќе мора да почека барем до следната година за трофеј на ОП на Австралија.
– Морам да ѝи признаам на Јужин дека е многу храбра. Играше неочекувано добро и пред неа е светла иднина. Задоволна сум од мојот настап во Мелбурн и особено од тоа како ја почнав годината. Ќе продолжам да тренирам напорно и верувам дека ќе освојам уште некоја титула на гранслем- турнирите – изјави Ивановиќ.
Претходно принцезата од Белград, како што ја нарекуваат Ана, ја исфрли од игра главната фаворитка за трофејот Серена Вилијамс, но потклекна малку и неочекувано пред налетите на Бушар.
Канаѓанката има само 19 години, а следна противничка на патот до славата и првиот гранслем-трофеј во кариерата ќе ѝ биде искусната кинеска тенисерка Ли На.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.