| четврток, 6 декември 2018 |

Во Туркменистан не се плаќа гас, струја и вода

Се проценува дека Туркменистан е четврти во светот по резерви на природен плин, така што граѓаните уживаат во привилегиите. Но, можно е тоа да им биде скратено

плин

Граѓаните на Туркменистан никогаш нема да се пожалат дека им се високи сметките за вода, струја и за гас бидејќи не ги плаќаат. Така е од 1993 година, но сега тоа може да се смени бидејќи претседателот на таа богата земја сфатил дека граѓаните, сепак, мора да штедат енергија.

Пет милиони жители, чиј апсолутен владетел е Гурбангули Бердимухамедов, кој ги освои изборите во 2006 година, а потоа и во 2012 година, ужива во системот во кој граѓаните немаат потреба да плаќаат вода и струја.

Се проценува дека Туркменистан е четврти во светот по резерви на природен плин, така што граѓаните уживаат во привилегиите. Но, можно е тоа да им биде скратено.

Претседателот на Туркменистан одлучи дека е време да се штеди и најави дека за почеток во секое домаќиност ќе постави мерачи за гас за да се рационализира потрошената енергија.

Бесплатното користење на плинот во Туркменистан чини пет милијарди долари годишно. Бердимухамедов, кого народот уште го вика и „заштитник“, истакна дека тоа е претежок економски товар и дека мора да се стори нешто за да не отиде земјата во пропаст. Во 2006 година парламентот, кој тој целосно го контролира, изгласа продолжување на политиката на бесплатна енергија со 2030 година.

– Инсталацијата на мерачите ќе им овозможи на луѓето плинот да го користат поекономично – изјави Бердимухамедов во телевизиското обраќање на нацијата.

Инаку, Туркемнистан последните неколку години сѐ повеќе работи на извозот на природен плив, посебно во Кина, со која договориле извоз на 65 милијарди кубни метри гас до 2020 година.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top