Евангелос Венизелос пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент најави дека би можел да го посети Скопје како актуелен претседавач со ЕУ, но ги повторил и познатите грчки позиции во однос на прашањето за името и евроинтеграцијата на Македонија.
– Како претседавач, подготвен сум во наредните денови да ги посетам сите земји во регионот, вклучувајќи го и Скопје, без никаква разлика или дискриминација, и ќе имаме можност за дискусија меѓу претседателството на Советот и Владата на Македонија – рекол грчкиот министер за надворешни работи, пренесе МИА.
Повторувајќи ги грчките „црвени линии“, ги оценил како умерени и разумни.
– Учествуваме во процесот што се води под покровителство на ОН, ја почитуваме улогата на посредникот Метју Нимиц и прифаќаме сложено име со географска одредница што би го содржел терминот Македонија, но тоа треба да биде за севкупна употреба. Тврдењата, од другата страна, дека не можеме да го менуваме нашиот Устав се неприфатливи за европска земја бидејќи сите европски земји постојано ги менуваат своите национални устави најчесто за да се приспособат на европското законодавство и да се воспостави единствен европски уставен простор – истакнал Венизелос, посочувајќи дека македонскиот Устав веќе претрпел измени со Охридскиот договор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мора да бидеме примени со уставното име – рече, па се порече Фрчковски (ВИДЕО)
-
Пазарењето со идентитетот на МПЦ ќе донесе раскол: Пимен е за МПЦ, а за Тимотеј името ОА е прифатливо
-
Заев: Многу сме блиску до решение, остануваат името и опсегот на употреба
-
Мицотакис: Доцна е за формирање национален фронт за прашањето за името