| четврток, 6 декември 2018 |

Кај Балотели нема утка, со гол го спаси Милан од пораз

Марио Балотели повторно беше јунак на Милан, овојпат со гол го спаси фаворитот од пораз против Калјари. Супер Марио стрелаше прецизно од пенал во 82. минута, со што Милан освои еден бод (1-1). Над стрелецот на израмнувачкиот гол беше направен пеналот, а Астори од Калјари беше исклучен.

Балотели и во дебито за Милан против Калјари даде два гола, со што сега има учинок од 3 погодоци на два меча за италијанскиот гигант.

Самдорија направи изненадување против Рома и победи во Џенова со 3-1. Гостите промашија пенал, па поразот беше неминовен.

Во 24. коло имаше вкупно 5 нерешени средби, а покрај Самдорија, победија и Удинезе против Торино со 1-0 попладнево и вчера Јувентус со Фиорентина 2-0. Вечерва Интер ќе му биде домаќин на Киево во последниот дуел од оваа рунда.

Резултати: Калјари – Милан 1-1, Самдорија – Рома 3-1, Удинезе – Торино 1-0, Болоња – Сиена 1-1, Палермо – Пескара 1-1, Аталанта – Катанија 0-0, Парма – Џенова 0-0. Вчера: Јувентус – Фиорентина 2-0, Лацио – Наполи 1-1.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top