| четврток, 6 декември 2018 |

Итна потрага за жена-бомбаш „црна вдовица“ во Сочи

Полицијата во Сочи започна итна потрага за можна жена бомбаш, која можеби му избегала на обезбедувањето поставено поради ЗОИ.

Полицијата насекаде поделила постери и слики со опис на 22-годишната жена од Дагестан.

Жената е идентификувана како Ружана Ибрагимова, која го користи прекарот Салима и е вдовица е на терорист убиен лани во Дагестан во пресметка со полицијата.

Се смета дека е поврзана со терористичката група на Докуа Умаров, кој се закануваше со напади на претстојните ЗОИ.

Ибрагимова има десет сантиметри долга лузна на левиот образ и не може да ја свитка левата рака.

Полицијата ја објавила потреницата и на Интернет и соопшти дека таа го напуштила Дагестан порано месецов, и дека пристигнала во Сочи пред десетина дена.

Експертите за безбедност се загрижени затоа што таа успеала да стигне до Сочи и покрај „челичниот прстен“ на силите за безбедност за кој претседателот Путин рече дека ќе ги заштити ЗОИ од терористи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top