Министеритe Албанци во Владата на Македонија ќе ја блокираат изградбата на ХЕЦ „Луково Поле“ доколку се потврди дека со тоа се загрозува животната средина во подрачјето на Дебар.
Ова, како што пренесува порталот Порталб, за тиранската телевизија Топ-чанел го изјавил министерот за животна средина Абдулаќим Адеми, додавајќи дека за тоа веќе ја информирале Владата на премиерот Груевски.
– Ние го задолживме директорот за енергетика на Република Македонија да подготви студија за влијанието врз животната средина и очекуваме резултати. Доколку анализите потврдат дека изградбата на оваа ХЕЦ ќе има влијание врз екосистемот секако дека ние нема да дозволи изградба и ќе дадеме негативно мислење. Владата е запозната со тоа – изјавил Адеми.
Според него, ќе се одржат дебати и ќе се разменат информации со Косово, со Грција и со Албанија со цел и тие да бидат вклучени во процесот и да дадат свои забелешки.
Инаку, на протестите против зафаќењето вода од Радика за „Луково Поле“ одржани во неделата во Тирана и Пешкопеја, на кои присуствува и претставници на локалната власт и граѓанскиот сектор на Дебар, било најавено одржување локален референдум за ова прашање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Адеми на изложбата „Скопски материјални и духовни проблесоци“ во Истанбул
-
Порталот на Герис „Плусинфо“ пренесува лажни цитати на пратеникот Џеват Адеми (ВИДЕО)
-
Тодоров: Банката на Советот на Европа го следи секој чекор за изградбата на новиот Клинички центар
-
Се реконструира автопатот Неготино – Демир Капија, инвестицијата вреди пет милиони евра