Роџер Федерер немаше голем проблем да се пласира во четврт-финалето на Отвореното првенство на Австралија иако за противник го имаше Жо Вилфред Цонга кого го победи со 3-0 по сетови 6-3, 7-5, 6-4.
Натпреварот траеше само 112 минути, а Федерер на моменти играше како во најдобрите денови. Федерер му дозволи само една брејк шанса, но Цонга не успеа да ја искористи, додека, пак, Роже искористи три од можните седум.
Во четврт-финалето Федерер ќе се сретне со Енди Мареј, кој има позитивен резултат во меѓусебните дуели, тој води 11-9, а последен пат се сретнаа во Мелбурн 2013 година кога Британецот славеше со 3-2.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


