| четврток, 6 декември 2018 |

Годинава уште 500 медицински лица на обука во странство

Оваа година уште 500 медицински лица ќе имаат можност да се обучуваат во најреномирани светски здравствени центри. Од 2015 година оваа годишна бројка ќе биде зголемена и законски задолжителна за министерот за здравство, кому ќе му следуваат парични казни ако не ја оствари, истакна премиерот Никола Груевски во обраќањето пред синдикатите во Домот на АРМ.

– Трошоците за обуки на докторите на медицина, специјалистите и субспецијалистите ги покриваат Министерството за здравство, односно јавните здравствени установи во кои се вработени, а престојот и успешното завршување на обуката спаѓаат во работните обврски на докторите на медицина, специјалистите и субспецијалистите и нивното неизвршување претставува дисциплински престап – рече Груевски.

По враќањето од обука, појасни Груевски, секој лекар во период кој е трипати подолг од времето кое го поминал на обука во странство има 10 осто повисока плата, а додека е на обука ја прима редовната плата без намалувања, плус прима одредени средства за животни трошоци при престојот на обуката.

Премиерот Груевски додаде дека и минатата година 500 медицински лица биле испратени на обука во странство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top