Полицијата го утврди идентитетот на мажаот кој пред четири дена почина откако воз го прегази во железничката несреќа која се случи кај Железара.
Станува збор за 67-годишниот Цветан А. од скопското село Стајковци, кој бил идентификуван од поранешната сопруга.
Несреќата се случи на 16 јануари околу 8.15 часот кога патнички воз, кој сообраќал на релација Скопје – Кичево, удрил во Цветан, кој на повредите им подлегнал на самото место.
Сѐ уште не е познато дали станува збор за самоубиство или несреќен случај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.