| четврток, 6 декември 2018 |

Јапонците јадат најздрава храна

sushi

Јапонците јадат најздрава храна во светот. На ранг-листата предничат Холандија, Нов Зеланд и САД, покажува истражувањето на меѓународната организација за борба против сиромаштвото (ОКСФАМ). Листата е направена според достапноста, квалитетот и разновидноста на храната.

Меѓу земјите со најнизок рејтинг се Република Чад и низа други земји од Африка.

Холандија, Франција и Швајцарија се лидери во правилна исхрана. Таму се јаде разновнидна, корисна и евтина храна. Според листата на ОКСФАМ, меѓу првите 20 земји се земји од Европа, па потоа следува Австралија.

Експертите објаснуваат дека САД паднале на листата поради високиот процент на лица заболени од дијабет и од дебелина.

Во Јапонија храната е најдобра, но прескапа. Според прехранбените параметри, Јапонците се најдобри и квалитетот на храната е надвор од конкуренција, за разлика од другите земји. Во Јапонија нема слатки од брашно, со маргарин и шеќер. Се јаде многу свежа морска храна. Затоа Јапонија е една од најдобрите земји од аспект на исхраната, а тој факт се потврдува и со долговечноста на Јапонците.

И во Франција храната е разновидна и добра. Французите, без оглед на тоа што во исхраната имаат многу леб и алкохол, се многу здрава нација. Во Франција е многу низок процентот на заболените од кардиоваскуларни болести. Тоа е така бидејќи пијат црвено вино.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top