Во следните децении ќе биде зголемен бројот на временските аномалии, а следните години ќе има сѐ повеќе катаклизми, предупредуваат метеоролозите.
Според мислењето на експертите, зголемување на бројот на природните катаклизми е поврзано со промената на климата. Сето она што се случува на различни континенти се делови од ист процес и се поврзани меѓусебе.
Аномалиите веќе почнаа – оваа зима ги изненадува жителите на различни континенти. Топлиот Божик ја погоди традиционално ледената Русија, посебно градовите на централна Русија.
Невообичаен студ владее во САД. Во Канада првпат за 100 години се заледија водопадите на Нијагара. Во Австралија, поради топлото време и сушата, секојдневно се прекинуваат натпреварите на тенискиот турнир во Мелбурн.
Циркулацијата на воздушната маса е сменета, така што во нивното преместување во меридијанскиот правец станува поинтензивно – објаснува раководителот на климатската програма на Светскиот фонд, Алексеј Кокорин.
Некои временски аномалии можат да бидат поврзани со природните колебања на планетарнта клима. Временските аномалии се двојно зголемени за 15 години.
Недостигот на слатка вода може да стане светски проблем. Со овој проблем може да се соочат многу земји на Евроазија – од Португалија до западните граници на Кина, како и некои региони на Африка, Јужна и Северна Америка и Австралија. Ова води кон миграција на населението и промена во економијата во многу региони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.