| четврток, 6 декември 2018 |

Рекордни 184 земји се приклучија на „Часот на планетата Земја“

цас

Глобалната акција „Часот на планетата Земја“ оваа година стана најмасовна во историјата на проектот, соопшти Светскиот фонд за природата.

„Часот на планетата Земја“ стана најмасовен во историјата. Кон инцијативата се приклучија 184 земји, наведе Фондот.

Акцијата се спроведува по 11 пат, а започна во 2007 година во Австралија.

Оттогаш, секоја последна сабота од март меѓу 20.30 и 21.30 часот учесниците го исклучуваат осветлувањето и електричните апарати.

Оваа година Фондот повика луѓето да преземат поголема одговорност кон природата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top