Првиот светски рекет Рафаел Надал се пласираше во четвртфиналето на Отвореното првенство на Австралија откако со 3-0 по сетови 7-6, 7-5, 7-6 го совлада Јапонецот Кеи Нишикори.
На Надал не му одеше против упорниот Јапонец, многу се мачеше, а и беше далеку од најдобрата форма. Покрај тоа Шпанецот имаше голем проблем со плускавци на рацете, кои, секако, му пречеа во играта.
Во четвтфиналето Рафаел Надал ќе се сретне со бугарскиот тенисер Григор Димитров, кој беше подобар од Баутиста.
Пласман меѓу осумте најдобри обезбеди и Енди Мареј откако славеше над Французинот Стефан Робер со 3-1 (6-1,6-2,6-7,6-2).
33-годишниот Французин успеа да го натера Енди Мареј да го скрши својит рекет за време на нивниот дуел на ОП на Австралија. Сепак, Робер на крајот мораше да му честита на четвртиот тенисер во светот.
Мареј во четвртфиналето ќе игра против победникот од натпреварот меѓу Роџер Федерер и Жо Вилфред Цонга.
Руската тенисерка Марија Шарапова неочекувано е елиминирана во осминафиналето на првиот гранслем-турнир годинава ОП на Австралија. Русинката е поразена од Доминика Цибулкова со 3:6, 6:4, 6:1.
Место во четвртфиналето обезбедија Димитров, кој славеше над Батиста со 6:3, 3:6, 6:2, 6:4, и Вавринка, кој беше подобар од Томи Робредо со 6:3, 7:6, 7:6.
Кај дамите меѓу осумте најдобри се пласираа Халеп, која ја елиминира Јанковиќ со 6:4, 2:6, 6:0, додека Азаренка беше подобра од Стивенс со 6:3, 6:2.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.