| четврток, 6 декември 2018 |

Голема количина оружје и муниција запленета во Приштина

municija

Вкупно деветмина се уапсени и запленети се голема количина оружја и муниција во Приштина, соопшти косовската полција.

Акцијата била спроведена во текот на изминатата ноќ и бил извршен претрес на 15 локации, соопшти косовската полициска служба. Во текот на операцијата се запленети пет парчиња оружје од различен калибар, неколку сандаци муниција и друг вид оружје.

Портпаролот на полицијата Баки Кељани изјави дека оваа акција е дел од планираните активности кои ќе бидат извршени на поширокото подрачје на Косово, со цел разбивање на криминални банди и илегално работење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top