Поранешен војник на елитните британски специјализирани воздухопловни сили (САС) тврди дека британската принцеза Дајана е убиена, така што еден член од единицата со фаровите од автомобилот намерно го заслепил возачот на принцезата и на тој начин предизвикал судат.
Поранешната сопруга на снајперист на САС, наречен Војникот Н е уплашена за својата безбедност. Тврди дека ѝ платиле за да молчи. Таа изјавува дека офицер на САС ѝ предал писмо полно со пари со дополнение да молчи за Дајана.
Тврдењата на снајперистот дека зад смртта на Дајана се крие САС се појавија минатата година за време на судењето на наредникот Дени Најтингел, кој пред војниот суд е прогласен за илегално поседување на пиштол и муниција.
Поранешната сопруга која се крие заради својата безбеднист вели: Никогаш претходно никој не ми дал 500 фунти за да молчам. Тие сакаа да молчам за Дајана и за операциите на САС. Но, не можев да премолчам за нешто толку сериозно. Исплатата ми беше многу сомнителна и многу ми беше непријатно“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.