
-Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ упорно, тенденциозно и неосновано се занимаваат со Струмица, најуспешната општина во Република Македонија. Јавните набавки во општина Струмица се спроведуваат исклучиво согласно законските прописи. Тендерите ги добиваат оние фирми и здруженија на граѓани кои имаат најповолна понуда. Општината не ги дели фирмите по ниеден основ, па ни според партиската припадност на нивните сопственици. Општина Струмица е пример како се работи согласно законите во Република Македонија – реагираат од Општина Струмица по написите на Курир за незаконски тендери и договори за јавни набавки во оваа општина.
Оттаму додаваат:
– Што се однесува до посочените тендери што ги добила фирмата „Еволвинг“, чиј сопственик е Пеце Мирчески, потенцираме дека станува збор за 2011 и 2012 година, кога Мирчески не бил функционер, а споменатата фирма била најповолен понудувач.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Општина Дебрца поништила јавна набавка за да склучи нов договор за два и пол пати поголема цена
-
Актерите од „Забрането смеење“: Публиката да се впушти во една театарска авантура
-
Утринава најстудено во Берово и Струмица, температурите под нулата
-
Нема крај на скандалите: Компаниите на Анѓушев „се омрсиле“ со четири нови државни бизниси, вицепремиерот тврдеше дека нема да учестува на државни тендери


