| четврток, 6 декември 2018 |

Познат идентитетот на убиените во Чаир – Тахири пукал во Ајридини

policija

Мустафа Ајридини (27) и неговиот татко Алајдин Ајридини(56) се убиените лица во денешното пукање во скопската населба Чаир. Нив им пресуди Шукри Тахири(52),  на прагот на неговата куќа околу 11 часот, на улицата „Рифат Бурчевиќ“ во Чаир. Таткото и синот заради претходна расправија со Шукри дошле до неговата куќа и започнале вербална расправија со него. Тој со пиштол на прагот од куќата ги усмртил таткото и синот.

По извршеното убиство Шукри се вратил дома и земал со себе 2.300 евра и оружјето со кое ги убил таткото и синот и се пуштил во бегство. Но, бил забележан од страна на полицаец кој не бил на службена должност, кој почнал да го брка, а случајот го пријавил и на мобилната полиција. Полицајците кај Гинекологија Чаир успеале да го совладаат Шукри Тахири кој давал отпор. Според досегашните информации пиштолот со кој е извршено убиството бил нелегално поседуван.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top