| четврток, 6 декември 2018 |

На бугарскиот министер му пречи и македонскиот Устав

vigenin-6

– За потпишувањето на спогодбата за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија, би требало да се формира комисија стручњаци од двете земјиза историја и образование – смета министерот за надоврешни работи на соседна Бугарија, Кристијан Вигенин.Според него, таа комисија треба да ги реши „проблемите со историјата на разумен начин, без емоции”.

Тој во интервју за бугарското радио Дарик, изјавил дека не може да отстапи од барањето дека Уставот на Република Македонија не смее да биде основа за мешање во внатрешните работи на Бугарија. Според членот 49 во Уставот, Македонија треба да води сметка за правата на македонското малцинство во Бугарија и Грција.

-Не би сакал да влегувам во детали, но тоа е важен елемент на спогодбата за добрососедски односи за кои преговараме – изјавил Вигенин.

Тој нагласува и дека спогодбата треба да биде напишана на општо прифатената формула „со службените јазици на двете земји: бугарски – според Уставот на Бугарија, а македонски – според Уставот на Македонија“.

Извор: МКД.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top