| четврток, 6 декември 2018 |

Водени лудории на Водици во Буковска населба (видео)

bukovska naselba

Водени лудории во битолската Буковска населба на Водици. Откако свештеното лице го фрли крстот во малиот базен, десетината момчиња што скокнаа повеќе беа сконцентрирани на нивната игра, отколку на барање на крстот што порпадна на дното. Додека едни изведуваа скокови, само две-три момчиња се обидуваа да стигнат до светиот крст. Крстот го фати Христијан Чабевски.И додека Христијан славеше,неговите пријатели се погрижија за туширање на насобраните верници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top