
24-годишнниот Петар Рупески од Варош е најсреќниот меѓу верниците кои утрово скокнаа во осветените води на Охридското Езеро за да го фатат крстот. Според традицијата тајфата на фаќачот на чесниот крст да ги обиколи домовите во Охрид, а на посебна свеченост вечерва тој ќе биде даруван од кумовите на годинешните Водици, градоначалникот Никола Бакрачески и Сашо Симески.
Спектаклот по повод големиот православен празник Богојавление кај градското пристаниште го проследија околу 20.000 верници од земјава и странство. Амбиентот беше збогатен со културно уметничка програма, а на повеќе пунктови бесплатно се делеше вино и греана ракија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


