| четврток, 6 декември 2018 |

Иран: Нема отстапки

Иранците на улиците на Техеран и низ другите ирански градови, извикувајќи „смрт за Израел“ и „смрт за Америка“,  ја одбележаа 34-годишнината од Исламската револуција, во која од власт беше соборен шахот Мухамед Реза Пахлави поддржуван од САД.

h_50703376Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџат во говорот повторно порача дека нема да направи отстапки кон западот за иранската нуклеарна програма.

1979 војската прогласила солидарност со народот, завртувајќи му го грбот на шахот Мухамед Реза Пахлави. Десет дена претходно Хомеини триумфално се вратил од егзил во Франција, со цел да ги предводи револуционерите во борбата за власт.

На церемонијата на плоштадот во Техеран каде говорел Ахмадинеџад, како и за време на целиот ден Странските новинари биле строго надгледувани, а им било дозволено да ги следат случувањата исклучиво од места кои биле официјално предвидени за тоа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top