| четврток, 6 декември 2018 |

Еден милион и осумстотини илјади евра во воз

euro50 годишен Шпанец е уапсен во воз кој сообраќал од Цирих кон францускиот град Нанси откако при контрола на самото место кај него биле пронајдени 1,8 милиони евра, соопшти француската полиција.

Парите, кои биле во банкноти од по 500 евра, се наоѓале во патничка торба.

– Првите податоци од истрагата покажуваат дека станува збор за голема финанска афера. Шпански граѓани депонирале пари во швајцарска банка, од каде уапсениот ја повлекол целата сума за да ја пренесе илегално во Франција, изјави официјален претставник на Обвинителството во Нанси.

Уапсениот, кој нема криминално досие во ниту една европска држава, е обвинет за перење пари поради финансиска измама, за поврзаност со криминалци и за обид за царинска измама. Тој може да биде осуден на 10 години затвор.

Истрагата продолжува со соработка на шпанската и швајцарската полиција

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top