Ана Ивановиќ ја елиминираше најдобрата светска тенисерка Серена Вилијамс на годинашниов Австралија Опен. По два часа борба резултатот беше 4-6,6-3,6-3 во корист на српската тенисерка играше.
–Едноставно не размислував против кого играм. Уживав во тенисот, во натпреварот и играв најдобро што знам и умеам. Секако ова извонредна победа која ми дава дополнителен мотив за продолжението на турнирот – изјави по мечот Ивановиќ.
Пласман меѓу осумте најдобри обезбеди и Пенета која беше подобра од Кербер победувајќи ја со 2-1(6-1,4-6,7-5), како и Кинеската На Ли која убедливо со 6-2,6-0 славеше против Русинката Екатерина Макарова.
Фото:ЕПА
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


