Мајкл Даглас ја доби наградата за мир на УНИЦЕФ поради работата за ослободување на светот од нуклеарно оружје – кауза која според него не е доволно „срцепарателна“ за најпопуларните луѓе и нивните обожаватели. Наградата му ја предаде актерот Мет Дејмон
Оскаровецот е амбасадор на мирот на ОН од 1998 година, а почна да се интересира за нуклеарните прашања во 1979, откако го сними филмот „Кинески синдром“.
Ова е второ признание за 69-годишниот актер оваа недела, откако доби „Златен глобус“ во неделата за улогата на богатиот пијанист Либерачи во филмот „Зад канделабри“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


