| четврток, 6 декември 2018 |

Повредени Марковски и Ојлевски

Handball European Championships 2014Малерите со повредите и натаму јамачат ракометната репрезентација и селектор Ивица Обрван. По мечот со Унгарија на повреди се жалат Велко Марковски и Гоце Ојлески. Марковски, кој е еден од клучните играчи во нашата одбрана се пожали на болки во грбот и тој не беше во можност да им помогне на соиграчите во текот на второто полувреме на дуелот со Унгарија. Проблем со скочниот зглоб има Гоце Ојлески и неговата состојба ќе биде позната откако ќе се направат детални лекарски прегледи. Дури потоа ќе се знае дали тој ќе може да биде дел од тимот на следниот натпревар против Исланд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top