| четврток, 6 декември 2018 |

Обрван: Во името на играчите му се извинувам на македонскиот народ

obrvanПремногу слабо ја отворивме средбата, без потребниот ритам и со голем број промашени зицери, изјави македонскиот селектор Ивица Обрван по поразот од Унгарците.

– Ваквиот развој на настаните придонесе Унгарците лесно да стигнат до предност уште во првото полувреме и предвреме да си ја осигураа победата. Во вториот дел игравме подобро, но беше невозможно да се вратиш од седум гола негатива против ривал како што е Унгарија. Ова треба што поскоро да го заборавиме, да свртиме нов лист и против Исланд да се покажеме во далеку подобро светло. Во името на играчите му се извинувам на македонскиот народ, не толку за поразот, колку за пристапот во играта во второто полувреме“ – истакна селекторот Обрван, пишува ЕКИПА.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top