| четврток, 6 декември 2018 |

Бенедикт Шеснаесетти отпуштил 400 свештеници

papa-Benedikt--afp_540964S1Бенедикт Шеснаесетти отпуштил околу 400 свештеници по могуте пријави за педофилија. Светата столица неодамна ја откри оваа информација од времето на понтификатот на папата , кој мината година направи преседан повлекувајќи се од должноста.

-Во 2011 година се отпуштени околу 300, а во текот на следната 2012 година околу стотина свештници- изјави портпаролот на Ватикан, монсињор Фередико Ломбарди.

Меѓутоа здружението коешто дејствува под називот Мрежа на преживеаните жртви на свештеничката педофилија (SNAP) смета дека таквите мерки не се доволни.

-Поглаварот на Римокатоличката црква и требало да започне од служба да ги отпушта и свештениците коишто ги прикриваат сексуалните злосторства, а не само оние коишто ќе ги направат- се наведува во соопштението на SNAP.

Во почетокот на 2000 година во јавноста во Ирска и во САД постепено почнаа да се појавуваат педофилските афери на свештениците вршени над децата во текот на 60-те, 70-те и 80-те години од минатиот век. Врвот на католичката црква беше обвинет дека ги заштитувал, настојувајќи да ја зачува добрата репутација на институцијата. Ватикан во меѓувреме призна дека локалните епархии во текот на изминатите децении примиле илјадници извештаи за злоставувања, но интерните постапки против злоставувачите беа во надлежност на Конгрегациите за доктрината на верата и чиишто одлуки чиишто одлуки и пресуди не се појавуваа во јавноста.

Светата столица во четвртокот првпат беше повикана пред Комитетот за права на децата при Обединетите нации чиешто седиште е во Женева да објасни какви мерки преземала во борбата против педофилијата во нејзините редови, меѓутоа одлучно го негираше попречувањето на судските истраги за педофилските злосторства на нејзините свештеници низ светот.

Здруженијата за заштита на жртвите од педофилијата сметаат, пак, дека Ватикан не покажува доволно транспарентност, ниту прави доволно за злоставувачите да бидат изведени пред граѓанските судови, а членовите на SNAP сметаат дека Католичката црква треба да гарантира дека свештениците сторители на сексуално насилство ќе бидат и кривично гонети.

Во Римокатоличката црква којашто има 1,2 милијарди верници, има околу 400 илјади свештеници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top