По завршувањето на првата фаза на европското првенство се искристализираа и двете квалитативни групи на репрезентации за мундијалот во Катар кој ќе се одржи од 17 до 31 јануари наредната година. Македонија може да добие еден од трите ривали од овој шампионат или шест селекции кои не обезбедија „билет„ за Данска.
Првите три најдобро пласирани од ова првенство и Шпанија како светски првак имаат обезбедено директен пласман.
Носители:
Репрезентациите кои ќе се класифицираат од 4 до 12 место на европското првенство во Данска.
Неносители:
Чешка, Црна Гора, Норвешка, Германија, Грција, Б и Х, Романија, Словенија, Литванија
Во оваа група на репрезентации одскокнува Германија која веројатно никоја репрезентација од групата на носители не ја посакуваат. Ждрепката за бараж мечевите планирана е за последниот ден на европското првенство, на 26 јануари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.