| четврток, 6 декември 2018 |

И Жељко Јоксимовиќ сака утре да се капи во Охридското езеро

Балканската ѕвезда Желјко Јоксимовиќ, кој вчеравечер одржа концерт во Охрид, рече дека  размислува утре  да се капи во осветените езерски води.

– Температурата на водата е 5 степени и е доста ниска, па малку ми е страв. Не сум се уште сигурен, но еве ако менаџерите одлучат да останеме и да се капиме тогаш   останувам и се капам и  јас.  Ако си одиме тогаш си одиме сите заедно, изјави Желјко Јоксимовиќ.

Над илјада капачи се очекува да скокаат по  Светиот крст , кој ќе се фрла утре во 10 часот  на градското пристаниште. Покрај охриѓани голем интерес покажаа и жители од соседните градови но и од Србија, Бугарија, Чешка и Шпанија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top