| четврток, 6 декември 2018 |

Компани „постигна“ гол со човек (видео)

vensan-500

Идеите на фудбалерите неретко се интересни, а една таква доби одличниот предводник на Манчестер Сити, Венсан Компани. Еден сосема обичен разговор на економот од „Итихад“ Брендон Ештон со неговите соработници, доби навистина смешно продолжение.

Од некаде се појави капитенот на „Граѓаните“, кој го стави на својот грб и влезе со него во голот.

Белгискиот фудбалски интернационалец дојде на тренинг, меѓутоа одлучи да се загрее на малку поинаков начин од вообичаено.

Ештон беше оној кој му се најде блиску и доби можност да го јава капитенот на Сити.

Откако Белгиецот забележа дека економот е премногу лесен, одлучи и да потрча и Ештон да го пласира во небранетата мрежа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top