Поголем дел од анкетираните граѓани или 68,6 проценти ја оцениле позитивно оставката на пратеникот Арбен Лабуништа и најавените оставки на членовите на Владата откако се кандидираа за градоначалници. Негативно се изјасниле 15,9 отсто, додека со незнам или не можам да оценам 15,5 проценти, покажува анкетата на Институтот за истражување на политики и добро владеење.
Согледувањето на граѓаните за оставките на пратениците и другите функционери и нивното кандидирање во трката за локални избори што треба да се одржат на 24 март годинава е спроведено телефонски на репрезентативен примерок од 1.060 испитаници во периодот од 5 до 8 овој месец.
На прашањето дали и другите функционери пратеници, министри и директори доколку се кандидираат за градоначалници треба да дадат оставка, околу 71 процент се изјасниле позитивно, 15 отсто одговориле со не, додека 14 проценти кажале дека незнаат или не можат да оценат.
Истражувањето е спроведено според стандардизиран примерок репрезентативен за населението на Република Македонија, при што се запазени демографските карактеристики на населението. Од анкетираните 64 проценти се изјасниле како Македонци 25, Албанци три отсто Турци и по два Роми и Срби
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Анкета: Секој втор граѓанин е против каква било промена на името
-
Избирачки список во кујна: На локални избори во Србија денеска се гласаше и во куќата на газда Петар (фото)
-
Анкетно прашање, каде се наоѓа Г – точката: Кај жените мислам дека е зад увото… (видео)
-
Анкета: Македонците имаат позитивно мислење за Србија, а негативно за Косово, Албанија и Грција