| четврток, 6 декември 2018 |

Демолиран штабот на СДСМ во Струмица (ФОТО)

Синоќа околу три часот по полноќ  непознати лица ги искршиле стаклата на штабот на  4-тата месна заедница на СДСМ – Струмица. Сопственикот на објектот Александар Босиљанов  рече дека  ги видел двајцата сторители кои побегнале и веднаш пријавил во полицијата.

Тој истакна дека пред да се случи демолирањето  слушнал  како група  деца,  за кои не знае дали се истите,  извикувале „Смрт за комунистите“.

Претходно во периодот околу Нова година, група од неколку лица  ги скршиле стаклата  на малиот штаб кој се наоѓа веднаш до салата за состаноци каде била направена синоќешната штета.

Фото: Фама

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top