| четврток, 6 декември 2018 |

20 стипендии за студии во Унгарија

Министерството за образование и наука соопшти дека е објавен Конкурс за доделување 20 целосни стипендии за македонски државјани за додипломски студии од областа на инженерските и земјоделските науки во Унгарија.

Конкурсот е во согласност со потпишаната „Работна програма за образовна и научна соработка помеѓу Република Македонија и Република Унгарија“, во рамките на програмата „Stipendium Hungaricum“, која е основана од унгарската Влада во 2013 година.

Унгарија преку Одборот за стипендии на унгарскиот институт „Баласи“ (Balassi) нуди стипендии за странски државјани заинтересирани за додипломски, постдипломски или докторски студии
во акредитирани високообразовни институции во Унгарија за општествени или технички науки.

За прием на избраната виоскообразовна институција се полага приемен испит. Доколку наставата се реализира на странски јазик, кандидатот треба да го знае дадениот јазик на нивото потребно од страна на домашниот институт. Доколку наставата се реализира на унгарски јазик, кандидатите ќе учествуваат во подготвителна настава во период од една година обезбедена од страна на Balassi Институтот пред да започнат со своите студии.

Потребни документи за аплицирање се: Формулар за аплицирање, кратка биографија, писмо за изразување на интерес, сертификат за познавање на англиски јазик, доказ за завршен степен на образование, копија од пасош, лекарско уверение и лична изјава.

Заинтересираните кандидати апликацијата за стипендија и потребните документи треба да ги достават до Министерството за образование и наука на адреса ул. Св. Кирил и Методиј  бр.54, 1000 Скопје.

Апликацијата за стипендија може да се преземе на веб страната на Министерството за образование и наука. Рокот за поднесување на апликации е 19.3.2014 година.

Сите дополнителни информации се достапни на веб страната
http://www.scholarship.hu/Englishsite/tabid/184/language/en-EN/Default.aspx

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top