| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсениот инспектор се заканувал за да му помогне на пријател

lisici

Инспекторот кого полицијата го  уапси попладнево на неговото работно место по пријава од фирма за компјутери од Скопје, доби кривичнапријава поради злоупотреба на службената должност откако ја користел позицијата за да ургира за аетр на личен пријател, јавува „Прес 24“.

Користејки ја позицијата, а со намера да му погне на својот пријател заминал со него во фирмата од која го купил компјутерот. Пријателот се жалел дека е расипан, но не прифаќал да му го поправат. Ги побарал парите дадени за него, а откако не му ги вартиле на сцена стапил инспекторот. Во продажниот салон се заканил дека ќе ги испрати колегите ако не ги добијат парите назад.

По пријавата од компанијата полициските инспектори велгоа во пазарната инспекција. Неколку часа зад затворените врати во канцеларијата на осомничениот се вршеше разговор. По завршувањето на работното време, откако заминаа колегите, инспекторот беше пренесен во полициска станица. На распитот пред јавен обвинител, осомничениот инспектор ќе треба да ја даде својата одбрана. Обвинетилот ќе одлучи дали ќе се брани од слобода или ќе заработи  притвор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top