| четврток, 6 декември 2018 |

Мојсо заздравува во Хрватска

мојсо

Лидерот во нападот на Металург, Наумче Мојсовски заздравува во во Даруварске Топлице, Хрватска, каде ќе остане во следните дваесетина дена.

Во Даруварске Топлице ќе останам во следните дваесетина дена. Условите за работа овде се одлични и мојата рехабилитација тече според планираното. Со мене постојано работи физиотерапевт, под чија контрола ги изведувам потребните вежби – вели Мојсовски.

Мојсовски ги следи и натпреварите на нашата селекција на ЕП во Данска.

– Пратам сѐ што се случува во Данска и од сѐ срце навивам за македонските јунаци. Навистина ми е тешко што не сум таму  и што не можам да им помогнам, но се надевам дека и со тие сили што се на располагање ќе успееме да направиме добар резултат во Данска – рече Мојсовски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top