| четврток, 6 декември 2018 |

До 2034 година нема да се возат автомобили во центарот на Хамбург

hamburg

Градските власти во германскиот град Хамбург одлучија да ги исфрлат автомобилите од центарот на градот до 2034 година. Овој амбициозен план е дел од програмата на урбаниот развој под име „Зелена мрежа“, кој, освен забрана за влез на автомобилите во центарот на градот, предвидува и богата мрежа на поврзани паркови, дворови, игралишта, рекреациски површини и гробишта. Власите предвидуваат дека за 15 до 20 години во градот исклучиво ќе се оди пеш или со велосипед.

Целта на проектот е Хамбург да стене тивок, зелен и мирен град, место за одмор, но и да се овозможи апсорпција на емисијата на честичките на CO2, што би требало да помогне во заштита против поплави. Во последните 60 години просечната температура на воздухот порасна за 1,2 степени, а подигнато е и нивото на морето за 20 сантиметри.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top