| четврток, 6 декември 2018 |

Во градинките во Аеродром бесплатно се учи англиски јазик

англиски бесплатно

Над 2.500 деца од градиниките во општина Аеродром бесплатно ќе учат англиски јазик. Ова денеска го кажа градоначалникот Ивица Конески и најави проширување на капацитетите на градинките во општината за нови 150 места за престој на дечињата.

– Од 2014 година во сите десет градинки секојдневно ќе се изучува англискиот јазик. Тоа значи дека родителите веќе не мора да издвојуваат дополнителни средства од својот буџет како досега, истакна Коневски.

Посочи дека во тек е изработка на проекти за проширување на капацитетите на детските градинки со доградба.

Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски го поздрави проектот на општина Аеродром и најави дека ќе предложи на координативното тело на градоначалници да се прошири овој проект и во другите општини во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top