| четврток, 6 декември 2018 |

Децата од градинките во Аеродром бесплатно ќе учат англиски

Градоначалникот на општина Аеродром, Ивица Конески, денеска најави дека повеќе од  2.500 деца од градиниките на оваа општина бесплатно ќе учат англиски јазик и најави проширување на капацитетите на градинките за 150 нови места за престој на дечињата.

– Од 2014 година во сите десет градинки секојдневно ќе се изучува англиски јазик. Тоа значи дека родителите веќе не мора да издвојуваат дополнителни средства од својот буџет како досега – истакна Коневски.

Посочи дека е во тек изработка на проекти за проширување на капацитетите на детските градинки со доградба.

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, го поздрави проектот на Општина Аеродром и најави дека ќе предложи на координативното тело на градоначалници да се прошири овој проект и во другите општини во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top