Сергеј Самсоненко со голема веројатност ќе биде новиот сопственик на фудбалскиот клуб Вардар, а од денеска има нов оглас за продажба на пакет-акциите што во најтрофејната екипа кај нас ги имаат Град Скопје и Акционерското друштво за стопанисување со станбен и со деловен простор од интерес на Републиката.
Првиот обид пропадна откако никој не се јави на огласот како заинтересиран купувач на пакет-акциите од 51 процент на Град Скопје, ниту за блокот од 49 проценти што ги поседува АДССДП, или поранешен ПУИГ.
Рокот за доставување на понудите е понеделник, а исходот ќе биде познат истиот ден. Како сигурна варијанта се најавува Сергеј Самсоненко, а ако се покаже како точна таа разврска на јазолот со ФК Вардар, тогаш Русинот ќе направи трилинг клубови од црвено-црното семејство што се под негова капа. Тој веќе ги спонзорира машкиот и женскиот ракометен клуб Вардар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Вардар испиша историја со најновиот ранкинг на УЕФА
-
Поранешен фудбалер моли за помош: Беше дел од „златниот“ Вардар, а сега трпи за леб (видео)
-
Муслиу си поигра мајтап со Вардар: Ќе потпише со Приштина, па веднаш на позајмица во Шкендија
-
Јаневски: Мора добро да се подготвиме за пролетниот дел од сезоната, целта е нов трофеј


