| четврток, 6 декември 2018 |

Здружението „Борка“ обезбеди 30 перики за жените заболени од карцином

borka-donacija

Здружението за борба против рак „Борка-за секој нов ден ” во текот на овие месеци го продолжува четиригодишниот проект за бесплатно обезбедување на перики на жените кои се дијагностицирани со карцином и подложени на хемотерпија со низок социјален статус. Овој пат Здружението во соработка со АД Електрани на Македонија обезбеди нови 30 перики.

Од здружението информираат дека доделувањето на периките се врши во просториите на „Борка“ кое се наоѓа во деловната зграда на „Осигурување Македонија“ во Скопје.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top