| четврток, 6 декември 2018 |

Обрван: Покажавме силен карактер

Со победата против екипата на Австрија со резултат 22-21, македонските ракометари обезбедија пласман меѓу најдобрите 12 екипи. Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Ивица Обрван, задоволен од играта на неговите избраници вели дека тие покажале фантастичен карактер.

Направивме огромен успех, дечките кои на терен покажаа силен карактер, ние како стручен штаб и луѓето од федерацијата. Наспроти сите проблеми со кои се соочивме пред и за време на турнирот, покажавме фантастичен карактер и успеавме не само да се пласираме, туку и да пренесеме два бода. Тоа беше возбудлива средба, која пропуштивме да ја решиме уште во првото полувреме. Во последните шест минути бевме во негатива, но успеавме да се вратиме и да дојдеме до победа. На крајот имавме и среќа, но среќата ги следи храбрите – изјави Обрван по натпреварот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top