| четврток, 6 декември 2018 |

Милошоски: Кандидатот за претседател нема да ни го избира ДУИ

Са­ма­рас не ги приз­на­ва Ма­ке­дон­ци­те, ги сме­та за вто­рок­лас­на на­ци­ја и тоа е ос­нов­ни­от став за­што од­би­ва да се срет­не со ле­ги­тим­но из­бра­ни­те прет­став­ни­ци на ма­ке­дон­ски­от на­род, ве­ли по­ра­неш­ни­от шеф на дип­ло­ма­ти­ја­та, Ан­то­нио Ми­ло­шо­ски во интервју за неделникот Република. Освен за надворешната политика, тој зборува и за внатрешната политика и претстојните парламентарни избори. Пре­тсе­да­те­лот на Ко­ми­си­ја­та за над­во­реш­на по­ли­ти­ка во Со­бра­ни­е­то на Ма­ке­до­ни­ја,смета дека до­кол­ку има пред­вре­ме­ни пар­ла­мен­тар­ни из­бо­ри, ќе се задржи се­гаш­ни­от ба­ланс на по­ли­тич­ки­те пар­тии од вла­ста и опо­зи­ци­ја­та, со ма­ли ва­ри­ја­ции од плус или ми­нус 3-4 пра­те­ни­ци спо­ре­де­но со се­гаш­ни­от број пра­те­ни­ци на по­ли­тич­ки­те пар­тии.

Вие не сте дел од из­врш­на­та власт, но ве­ру­вам де­ка ка­ко член на Из­врш­ни­от ко­ми­тет на пар­ти­ја­та има­те ин­фор­ма­ции за од­но­си­те со ДУИ. До­би­ла ли ВМРО-ДПМНЕ пред­лог од ДУИ за кон­сен­зу­а­лен кан­ди­дат за пре­тсе­да­тел?

МИЛОШОСКИ: Од ДУИ до­се­га, освен про­мо­ви­ра­ње на прин­ци­пот за кон­сен­зу­а­лен кан­ди­дат, не да­ле ни­ка­ков пред­лог до ВМРО-ДПМНЕ за кан­ди­дат за пре­тсе­да­тел. Но се­кој што мис­ли де­ка мо­же, са­ка и знае да би­де кан­ди­дат на ВМРО-ДПМНЕ за пре­тсе­да­тел на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, има отво­ре­ни вра­ти да се при­ја­ви на из­бор­на­та пар­ти­ска кон­вен­ци­ја и да ја те­сти­ра до­вер­ба­та на де­ле­га­ти­те и на чле­но­ви­те на ВМРО-ДПМНЕ. Во се­кој слу­чај, ко­неч­на­та од­лу­ка ќе ја има пар­ти­ско­то членс­тво и јас сме­там де­ка тоа е пра­вил­ни­от на­чин за из­бор на кан­ди­дат. Ер­ми­ра Мех­ме­ти и дру­ги функ­ци­о­не­ри на ДУИ мо­же да има­ат свое мис­ле­ње, сим­па­тии или ан­ти­па­тии кон не­кој по­ли­ти­чар, но ка­ко чле­но­ви на ра­ко­водс­тво на дру­га пар­ти­ја не би тре­ба­ло да има­ат по­го­ле­мо од­лу­чу­вач­ко пра­во за кан­ди­да­тот на ВМРО-ДПМНЕ од са­ми­те чле­но­ви на на­ша­та пар­ти­ја, од пра­те­ни­ци­те на ВМРО-ДПМНЕ или од пар­ти­ско­то ра­ко­водс­тво. До­пол­ни­тел­но, јав­ни­те по­ра­ки од ДУИ де­ка има­ат не­што про­тив пре­тсе­да­те­лот Ива­нов и де­ка не би го под­др­жа­ле не­го до­кол­ку по­втор­но се кан­ди­ди­ра беа при­ме­ни ка­ко не­ос­но­ва­на на­вре­да и со ни­што не­пре­диз­ви­ка­но ири­ти­ра­ње на на­ша­та пар­ти­ја ка­ко ко­а­ли­ци­ски парт­нер. Јав­но­то про­зи­ва­ње ли­чи на ме­ша­ње во вна­тре­пар­ти­ски­те ра­бо­ти на ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top